Блинкен не можеше да се врати од Давос поради истекување на кислород во авионот

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој учествуваше на Светскиот економски форум во Давос, денеска мораше да го одложи заминувањето од Швајцарија поради истекување на кислород во неговиот авион Боинг 737.

-Шефот на американската држава, кој помина ден и половина во Давос за да присуствува на Форумот, не можеше да го напушти Цирих кога беше плнирано поради дефект поврзан со кислородот во неговиот авион, изјави американски официјален претставник.

Помал авион беше префрлен од Брисел до Цирих за да го пренесе американскиот дипломат дома, додека многу негови помошници и членови на новинарската екипа мораа да патуваат во Вашингтон со комерцијални авиони.

Треба да знаете
Последни објави