За еден ден пајакот „кренал“ 57 возила во Скопје

Во текот на изминатиот ден (30.05.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 41 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 15 возачи од кои 13 затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 14 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се 14 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и пет пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 68 мандатни платни налози и 57 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

 

Треба да знаете
Последни објави