Бранителот на трофејот на првиот сеознски гренд-слем турнир Австралија опен, десеткратниот победник Новак Ѓоковиќ не е во елемент на првите два настапи во Мелбурн. Србионот тешко излегува на крај на стартот на турнирот. Српските медиуми тврдат дека во прашање е вирус кој го има „нападнато“ најдобриот светски рекет и не му дозволува да игра на највисоко ниво. Пред два дена Ѓоковиќ го откажа и тренингот. Медиумите здравствениот проблем кој го мачи Ѓоковиќ го поткјрепуваат и со фактот дека по завршувањето на мечот со Австралиецот на прес-конференцијата пиел топол чај, што не е негова практика. Среќа е што во оваа фаза од натпреварувањето Ѓоковиќ нема сериозни ривали, па до почетокот на идната недела, па ќе има доволно време да се рехабилитир пред вистинските предизвици.
