Казнети 16 возачи во Битола кои возеле без возачка

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 30 мај извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, 319 возачи ,од кои 16 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 17 возила, брзината ја надминале девет возачи. Еден возач зборувал на мобилен телефон при управување на возилото, а еден возач не користел сигурносен појас

Треба да знаете
Последни објави