Жителите на Горна и Долна Бањица повторно на протест против изградба на камп за работниците на Бехтел и Енка

Жителите на гостиварските села Горна и Долна Баница по петти пат протестираа против експропријацијата на нивните ниви за да се гради камп во кој ќе бидат сместени работниците од Бехтел и Енка кои ќе го градат Коридорот 8.

Ни ги земаат нивите за бадијала, за да градат пат, а тие ни се единствениот извор на егзистенција.

Тука поминува трасата на еден од автопатите на коридорот 8, кој го гради американската Бехтел и Енка.

Иако најавија дека ќе ги блокираат работниците на Бехтел и Енка и нема да ги пуштат да работат, сепак жителите велат дека тоа не им било дозволено. Нивните ниви се одземаат, за тука да се изградат кампови за градежните работи на патиштата. Велат, цената од 650 денари за квадрат, по која Владата не обештетува, е потценувачка.

Од државни патишта нема промена на ставот, дека изградбата на нови патишта е од јавен интерес и се постапува по законски норми. Од таму велат дека предвидената траса и кампот се согласно урбанистичкиот проект, кој мора да се почитува, оти е одобрен од Владата и е дел од договорот со Бехтел и Енка. Жителите велат дека ќе протестираат и во следните два дена. Засега, ниту жалбите до Управниот суд не им донеле резултат.

Треба да знаете
Последни објави