Забрана за автобуси и тешки товарни возила на неколку патни правци

Поради силен ветар и големи наноси на снег на потегот од село Рогачево до граничниот премин Јажинце од 08:40 часот е воведена забрана за автобуси и тешки товарни возила, додека останатите возила мора да имаат задолжителна зимска опрема.

Поради интензивни снежни врнежи на планинскиот превој Стража и во Маврово од 04:00 часот e воведена забрана за тешки товарни и на патниот правец од Гостивар кон Стража и Кичево и на патот од Маврово кон Дебар. 

На патниот правец Тетово – Попова Шапка од 05:00 часот се воведе забрана за сообраќај за автобуси, додека за другите возила е задолжителна зимска опрема (синџири).

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

Треба да знаете
Последни објави