Михаилоски контра Апасиев – Мерки и субвенции наспроти лаги за млади

Лидерот на младината на СДСМ денеска објави видео во кое со конкретни мерки, факти, бројки и резултати се спротиставува на лажните изјави изнесени од претседателот на политичката партија Левица, Апасиев.

Апасиев во гостување во подкастот на Лазаров изнесе тврдење дека во Македонија немало никакви субвенвии и мерки за млади и за студенти.

Погледнете ги фактите презентирани од Михаилоски:
Антикризни мерки за млади – 120 милиони евра за 2024 година
За 105.000 ученици по 1200 – 1800 денари месечно

Субвенциониран Студентски оброк
30.000 студенти x 3.360 денари x 9 месеци = 15 милиони евра

Гаранција за млади – грантови за отпочнување сопствен бизнис од 6.000 евра
ЕУ средства 2023-2026 година: 55 милиони евра

25 милиони евра за реновирање на 9 студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид
Средства од Германската развојна банка (KfW) и на Европската Унија

Ваучери за превоз за 15 илјади студенти
600-1200 денари месечно по студент

Грантови за млади земјоделци
Поддржани 531 млади земјоделци со вкупен износ од 6 милиони евра

Стипендии за дуално средно образование:
5000 ученици x 3500 денари x 9 месеци = 2.6 милиони евра

Треба да знаете
Последни објави