Лукаревска: Имаме детектирано повеќе сегменти каде што сме утврдиле даночно затајување

„Имаме детектирано повеќе сегменти каде што сме утврдиле даночно затајување. Должни бевме да известиме за вакви случувања затоа што тоа го најавував скоро месец дена. Меѓутоа треба да разбереме и како се одвиваат контролите, дека треба да бидеме многу внимателни да не брзаме во спроведувањето на чекорите за да го имаме крајниот ефект. Сивата економија покрај тоа што значи неплаќање на данок, тоа е даночно затајување, меѓутоа ние имаме огромен проблем како држава со нерегистрираните работници имаме проблем и со непријавените работници. Работиме интензивно со државниот инспекторат за труд. Имаме одлични акции со државниот пазарен инспекторат. Координираниот пристап помеѓу институциите треба да се унапредува постојано за да ги сузбиваме лошите појави во општеството“, истакна Сања Лукаревска, директорка на УЈП и заменик претседателка на СДСМ, во живо на Радио Мрежа Канал 77.

Во однос на првото прашање од страна на слушател, Лукаревска одговори дека за имињата на фирмите коишто не беа објавени согласно аферата за нафтените компании, таа посочи дека има одредба односно член во законот за даночна постапка каде што УЈП се обврзани на даночна тајна за да не се објавува името на даночниот обврзник. Што се однесува до второто прашање од слушателка таа одговори дека усогласувањето на цените, ако една цена денес е во еден износ, утре во друг, тоа е прашање наменето за државниот пазарен инспекторат. Во периодот на енергетската криза имало менување на ДДВ, УЈП во овој случај постапувало усогласено

Треба да знаете
Последни објави