Авион се урна во Авганистан

Авионот се урнал во планините на крајниот север во Авганистан. Според полицијата која добила извештаи, авионската несреќа која се случила во текот на ноќта е во провинцијата Бадакшан. Засега нема официјални информации за типот на авионот, причината за падот или потенцијалните жртви. Медиумите пренесоа изјави од неименувани талибански претставници дека се работи за патнички авион од Индија. Меѓутоа, тамошната авиокомпанија наведува дека нивните авиони не летаат на таа рута. Потоа се појави информација дека се работи за Falcon 10, кој е регистриран во Русија. Наводно, авионот престанал да комуницира во текот на ноќта, а потоа исчезнал од радарот. Според првичните информации, во леталото имало шест лица – четворица членови на екипажот и двајца патници.

Треба да знаете
Последни објави