Скијачите се враќаат на терените на Попова Шапка

Ски-центарот Попова Шапка соопшти дека од денеска продолжува ски-сезоната која започна во месец декември, но траеше неколку дена откако високите температури ја стопи снежната покривка. -Со новата снежна покривка во Ски центарот “Попова Шапка” создадени се услови за идеално уживање на ски-патеките, соопшти центарот на ЕСМ. За љубителите на зимските спортови во функција ќе бидат ставени: ски-лифтот “Ге”, ски-лифтот “Аеродром”, ски-лифтот “Поток, двоседна жичница “Св.Илија” и шестоседна жичница.

Треба да знаете
Последни објави