Бугарија тешко дека ќе стане дел од еврозоната и следната година

Премиерот на Бугарија, Николај Денков во интервју за бугарското радио Дарик. соопштил дека датумот за воведување на еврото во Бугарија не е сигурен, но дека владејачката коалиција ги прави сите можни напори за да се забрза процесот на влегување на земјата во еврозоната, со што конечно ќе се воведе еврото, а ќе се отстрани бугарскиот лев. -Тоа што е свето не е датумот, туку да се има јасна насока и да се работи на тоа. Ова е добро за бизнисот, добро за граѓаните, добро за контролата на финансиските институции,рече Денков. Бугарија требаше да го воведе еврото на 1 јануари годинава, но не ги исполни потребните услови. Потпретседателот на Еворпската комисија, Валдис Домбровскис, во февруари минатата година кажа дека Бугарија ќе влезе во еврозоната кога ќе ги исполни сите криетериуми и го посочи 1 јануари 2025 година како еден од можните датуми за тоа. На почетокот на годинава во службениот весник на Европската унија беше објавено дека од 31 март годинава, Бугарија и Романија ќе станат дел од Шенген-зоната по воздушен и воден пат, но не и по копнен.

Треба да знаете
Последни објави