В четврток Ковачевски и Џафери ќе се повлечат од претседателските функции во Владата и Собранието

Неделава што претстои почнуваат активностите за формирањето на техничката влада во Македонија, која ќе има обврска да ги организира и спорведе претстојните избори, парламентарни и претседателски. За в четврок е најавена оставка од премиерот Димитар Ковачевски, а во исто време тоа ќе го стори и првиот парламентарец Талат Џафери, кој од Собрание ќе се пресели во Влада. За в петок е највен избор на нов собраниски спикер. На местото од Џафери според најавите ќе биде избран пратеникот Јован Митревски од редовите на СДСМ. Техничката влада ќе се гласа најверојатно в недела. Деталите околу овие рокади ќе биде прецизирани на редовната координација на парламентарните пратенички групи. Останува непознато кои кадри опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предложи за министри и заменици во техничката Влада.

Треба да знаете
Последни објави