Бес поради потегот на индискиот премиер: Моди отвори хинду храм изграден на урнатините на џамија

Премиерот на Индија, Нарендра Моди денеска го отвори храмот посветен на хиндуистичкиот бог Рама во градот Ајодја. Храмот е изграден на местото на џамијата Бабри од 16 век, што беше урната во 1992 година.

Уривањето на џамијата предизвика немири ширум Индија, при што загинаа речиси 2.000 луѓе.

Храмот е исполнување на ветувањето дадено на хиндуистичките националисти, додека опозицијата тврди дека Моди храмот го користи во политички цели.

Индијци веруваат дека Ајодја е родно место на Рама, а џамијата Бабри била изградена на урнатините на храмот на Рама.

Изградбата на новиот трикатен храм чини 217 милиони долари. Статуата на богот Рама е откриен минатата недела.

Властите очекуваат над 150.000 посетители дневно кога целосно ќе биде изграден храмот.

Треба да знаете
Последни објави