Малолетниот син на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев ноќеска бил тешко повреден во сообраќајна несреќа, јавува Независен.
Според МВР, Ноќеска, триесет минути по полноќ на крстосницата од ул.„8-ми Септември” и ул.„Гоце Делчев” во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Фолксваген пасат” со кавадаречкирегистарски ознаки, управувано од Н.А.(36) од Кавадарци и мопед „Априлија” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од петнаесетгодишно лице и сопатник на мопедот исто така, петнаесетгодишно лице. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле малолетниците и се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.
Митко Јанчев е сопственик на „Кожувчанка“, а до пред неколку месеци беше потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, но беше разрешен поради критиките кон раководството за ставот околу референдумот за името.