МЕТЕО НАЈАВА: Од средината на оваа недела студот малку ќе попушти!

Метео анализа на Славчо Поповски:

Во следните денови студот малку ќе попушти, особено во текот на денот, иако и понатаму ќе биде релативно студено. Многу студено ќе остане наутро кога температурите понекаде повторно ќе се спуштаат до околу, па и под -10 степени.

Инаку екстремно студено е и во регионот, па така во делови од Босна температурата се спушта и под -23 степени.

Некои нови обилни врнежи од снег барем засега не се очекуваат.

Инаку најстудено утринава беше во Берово со -16 степени, потоа во Битола -15 степени.

Треба да знаете
Последни објави