Фон дер Лајен: Единствени и согласни сме да ја видиме БиХ во ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која денеска одржа серија состаноци во Сараево заедно со премиерите Андреј Пленковиќ на Хрватска и Марк Руте на Холандија, со домаќините, ја пофали БиХ, за усогласеност со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија. -Покажавте дека можете да постигнете резултати доколку земјата единствено оди напред. Единствени и согласни сме да ја видиме БиХ во ЕУ. Ништо да не ве оттргне од зацртаниот курс. Треба да видиме усвојување на закони поврзани со демократијата и владеењето на правото. Активностите треба да тргнат од законот за судови, сузбивање на судир на интереси, борба против перење пари, порача во Фон дер Лајен во парламентот на БиХ. Претседателката на Европската комисија потенцираше дека интензивно разговараат и за „планот за раст“ со кој БиХ би имала посилна интеграција на европскиот пазар. -Ја отвораме вратата за седум важни сектори. Овие активности мора да бидат придружени со реформи од економска природа кои ќе обезбедат еднакви деловни услови. Доколку се спроведат, тие можат да обезбедат дополнителни една милијарда од Европската унија. Авторите го креираа „планот за раст“ така што ниедна земја од Западен Балкан не може да ги блокира своите соседи, додаде Фон дер Лајен.

Треба да знаете
Последни објави