14 нови детски градинки ќе се отворат оваа година, најавува министерката Тренчевска

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска најави отворање на 14 нови детски градинки низ државата.

„Во 2024 година завршуваме и отвораме нови 14 градинки, што значи зголемување на опфатот на деца во предучилишно образование за дополнително 1653 деца. Тоа е она кога вашата визија е инвестирање во човечки капитал, овозможување на еднаков пристап на секое дете до предучилишно образование без разлика дали живее во урбана или рурална средина. Она што е најважно за првпат се отвораат детски градинки во руралните средини“ порача Тренчевска.

Таа потсети дека Владата обезбедила пари и за изградба на нови детски градинки во неколку скопски општини.

„Во декември 2023 година, со одлука на Влада, одвоивме четири милиони евра за дополнителни пет градинки во скопските општини кои имаат најголем проблем со капацитетите во градинките, започнуваме со градба на градинки во Карпош, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода за да обезбедиме и децата од овие општини да се вклучат во предучилишно образовани, посочи денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на конференцијата „Година на европски можности“

Треба да знаете
Последни објави