Тензично во МКЦ: Алексов не сака да стане од фотелјата за да седне Шаќири

По синоќешниот прв работен ден на новиот директор на МКЦ музичарот Бени Шаќири во директорската канцеларија настанал проблем, бидејќи сега веќе поранешниот директор детективот Никола Алексов не сака да го напушти столчето, пишува Нова.

Според порталот вчера Алексов уште при приемот на Шаќири негодувал со образложение дека тој не е разрешен од функцијата и нема зошто да си оди.

Градоначалничката Данела Арсовска Алексов го назначи за за в. д. директор на 18 јануари 2023, за потоа да му го продолжи мандатот во мај и уште еднаш во ноември. Решението пак за Шаќири е потпишано на 10 јануари без притоа да биде известена институцијата и останатите кандидати што се пријавија за директорското место во МКЦ.

Треба да знаете
Последни објави