Грчката православна црква е „целосно против“ легализацијата на истополовите бракови

Светиот синод на Грчката православна црква денеска соопшти дека е „целосно против“ планот на Владата за легализирање на истополовите бракови, за што законот треба да биде доставен до Собранието следниот месец.

„Државата пропишува, но тоа не ја лишува Црквата од слободата на изразување, ниту ја ослободува од должноста да го информира народот (…) Ако молчи, сноси тешка одговорност“, оцени Светиот Синодот на крајот од вонредната седница, која траеше повеќе од пет часа.

Митрополите на Грчката православна црква, која со Уставот не е одвоена од државата, одлучија да испратат писма во кои го изразуваат својот став до сите членови на Собранието (има 300), и да им се обратат на верниците во сите цркви во Грција на 4 февруари и преку памфлети да ги информираат за нивното противење на предлог-законот што треба да биде усвоен во наредните денови во Советот на министри.

Според нив, предлог-законот ќе промовира „укинување на татковството и мајчинството“ и „исчезнување на родовите улоги во семејството“.

„Таа законодавна иницијатива ги осудува идните деца да растат без татко и мајка, во средина на конфузија на родителските улоги“, велат митрополитите.

Премиерот Кирјакос Мицотакис неодамна најави дека предлог-законот треба да се разгледува во Собранието до средината на февруари и покрај противењето на црквата, која има големо влијание врз општеството и е дел од конзервативниот табор од кој и самиот припаѓа.

„Ќе го слушнеме мислењето на Црквата, но државата носи закони, не носи закони во соработка со Црквата“, инсистираше Мицотакис, претставувајќи го својот проект.

Грците се поделени по ова прашање: во две неодамна објавени анкети, 49 отсто се против истополовите бракови, а 51 се за тоа да се воведе.

Треба да знаете
Последни објави