Борел: Не може да се дозволи на Израел да го блокира создавањето на палестинска држава

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави денеска во Брисел дека не може да се дозволи на Израел еднострано да го блокира создавањето на палестинска држава по војната во Појасот Газа.

„Едно е јасно – Израел не може да има право на вето на самоопределувањето на палестинскиот народ“, рече Борел на прес-конференција со неговиот египетски колега Самех Шукри.
Борел посочи дека Обединетите нации многупати го признаваат и го признале правото на самоопределување на палестинскиот народ и затоа никој не може да стави вето, објави „Тајмс оф Израел“.

Коментарите доаѓаат откако Борел претседаваше со разговорите меѓу министрите за надворешни работи на ЕУ и највисоките дипломати од Израел, палестинската управа и клучните арапски држави во понеделникот.

Борел претстави мапа на патот која вклучува меѓународна конференција за решение со две држави за израелско-палестинското прашање.

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри рече дека постои „меѓународен консензус за неопходноста од решавање на конфликтот врз основа на решение со две држави“.

„Време е да се спроведе и меѓународната заедница има средства, има ресурси, има механизми да го направи тоа“, рече Шукри.

Треба да знаете
Последни објави