Јавното претпријатие Водовод во Охрид утрово ги извести граѓаните на македонскиот туристички центар да не ја користат водата од градскиот водовод за било каква употреба. -Поради настанат дефект на водоводната мрежа на кружниот тек кај бензиската пумпа Макпетрол – Билјанини извори и појава на зголемена матност во водата за пиење во одредени делови од градот, времено се забранува за пиење и миење водата од централниот систем за водоснабдување на градот Охрид, се додека не се излезе со ново соопштение после санирање на настанатиот дефект, информира ЈП Водовод.
