Адеми: Шест туристички оператори од Македонија на најголемиот саем за туризам во Шпанија

Денеска во Мадрид започна меѓународниот саем за туризам #FITUR2024.

Како што објави македонскиот амбасадор во Мадрид, Едмонд Адеми, на саемот присутни се шест туристички оператори од Република Северна Македонија, претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и ТАВ Македонија.

„Предвидени се голем број средби и можности за соработка. Македонскиот туризам е во раст поради сѐ подобрата понуда за која дознава целиот свет. #FITUR2024 е во првите три по значај светски саеми од областа на туризмот и делува како глобален барометар кој ги открива најновите трендови и промени во туристичката индустрија ширум светот. Разновидноста на учесници од целиот свет го прави ФИТУР сеопфатен приказ за иновации и дестинации во развој“ стои во објавата на Адеми.

Треба да знаете
Последни објави