Хути: Американците и Британците во рок од 30 дена да го напуштат Јемен

Јеменските Хути им наредиле на американскиот и британскиот персонал во Обединетите нации и во други хуманитарните организации со седиште во Сана да ја напуштат земјата во рок од еден месец, се вели во писмото испратено од Министерството за надворешни работи на Хутите до вршителот на должноста хуманитарен координатор на ОН во Јемен, Питер Хокинс.

„Министерството сака да нагласи дека мора да ги известите службениците и работниците кои имаат американско и британско државјанство да се подготват да ја напуштат земјата во рок од 30 дена“, се вели во писмото до Хокинс.

Во писмото се упатени странските организации да не ангажираат американски и британски државјани за операции во Јемен.

Главниот преговарач на Хутите, Мохамед Абдулсалам, ја потврди автентичноста на писмото до британската агенција.

Одлуката уследи по американските и британските напади, поддржани од други нации, врз воени цели на групата поврзана со Иран, која започна напади врз комерцијални бродови во Црвеното Море за Израел во знак на солидарност со Палестинците.

Минатата недела американската влада ги врати Хутите на листата на терористички групи.

Треба да знаете
Последни објави