Гугл додава во пребарувачот Хром нови функции базирани на вештачка интелигенција

Компанијата Гугл на својот блог објави дека ќе додаде нови функции на пребарувачот Хром базирани на вештачка интелигенција (ВИ) со кои, меѓу другото, корисниците ќе можат автоматски да групираат картички (табови) или да пишуваат текст во текстуални полиња со помош на виртуелен асистент.

Функцијата „Tab Organizer“ им овозможува на корисниците автоматски да ги групираат табовите со слични теми, како што се вести или онлајн купување, а ќе се активира со кликнување на десното копче на глувчето. Според програмерите на Гугл, ова ќе ја поедностави навигацијата и ќе им овозможи на корисниците да се фокусираат на содржината на табовите.

Функцијата „Помогни ми да пишувам“ е планирано да биде додадена на прелистувачот Хром во февруари и ќе им помогне на корисниците да составуваат текстови во сите достапни полиња на веб-страниците.

Треба само да кликнете со десното копче на кое било поле за текст и да ја изберете споменатата функција. Помогни ми да пишувам, исто така, ќе им помогне на корисниците да пишуваат онлајн пораки или прегледи на онлајн купувања.

Треба да знаете
Последни објави