Работна посета на претседателот Пендаровски на Република Косово

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе престојува во работна посета на Република Косово.

Предвидено е претседателот Пендаровски во Приштина да оствари средби со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу и со премиерот на Република Косово, Албин Курти.

Во Пеќ претседателот Пендаровски ќе ја посети Регионалната Команда – Запад на КФОР, кадешто е предвидено да оствари средба со командантот на Регионалната Команда – Запад, полковник Франческо Ферара и со припадниците на македонскиот контингент во рамки на КФОР.

Треба да знаете
Последни објави