За еден ден „уловени“ 148 брзи возачи

Во засилената контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената што вчера ја спроведе Министерството за внатрешни работи (МВР) на територијата на целата држава се „уловени“ 148 брзи возачи. Како што информира МВР, шест се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а еден со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 75 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 73 надвор од населено место. Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат со сообраќајните контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Треба да знаете
Последни објави