Интернет-ѕвезда ја исмеваше австралиската полиција поради издадената потерница по него

Интернет-ѕвезда ја исмеваше австралиската полиција поради потерница   Итан Брембл, интернет ѕвезда и модел, кој има тетоважи на 98 отсто од неговото тело, ја исмеваше полицијата во Австралија на неговиот инстаграм-профил откако беше издадена потерница по него.

Полицијата го бара Брембл (23) поради прекршок во врска со напад, објави „Би-би-си“.

Тој негираше дека направил нешто лошо за време на редовното ажурирање на неговите социјални мрежи, оставајќи провокативни пораки до полицијата.

Брембл се опишува како член на „најмодерната младина во светот”.

Тој се појавуваше во телевизиските интервјуа поради невообичаениот изглед.

Оваа недела, како одговор на полициската потерница, тој напиша „Нанана никогаш нема да ме фатите”.

Слични пораки се исто така објавени на неговиот профил на „Инстаграм“, каде што има повеќе од 200.000 следбеници.

Брембл вчера им рече на своите следбеници на интернет дека наредбата на полицијата била поттикната од недоразбирање во врска со расправијата во барот што тој ја имаше со поранешната девојка.

Треба да знаете
Последни објави