Петмина од уапсените во полициската акција во Грчец добија притвор

Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство за 6 лица кои во текот на ноќта беа спроведени во судот, а поврзани со полициската акција во с. Грчец, донесоа решенија со кои:

Прифатен е предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција и на : ШБ., Ф.Б., Н.И., Ф.С., и С.А. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека за О.П. го прифати предлотог за определување мерки за претпазливост односно Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање живеалиште односно престојувалиште и Обврска за јавување во суд“, се вели во соопштението од Кривичен суд. Од судот информират дека е прифатен предлогот за определување притвор за уште 10 лица кои се опфатнеи со акцијата, но тој ќе стане ефективен откако ќе бидат пронајдени.

Треба да знаете
Последни објави