Ѓорѓе Давид утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

По објавите во српските медиуми дека рок-музичарот Ѓорѓе Давид, ја напуштил Македонија и се вратил во Белград, по сообраќајна несреќа кај Табановце во која загина жена, се огласија од кумановското обвинителство да потврдат дека утрово тој се јавил во Судот како мерка на претпазливост која му е определена. -Основното јавно обвинителство Куманово ја известува јавноста дека мерките на претпазливост определени спрема странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце се уште се на сила. Согласно информациите кои ги има обвинителството до овој момент, тој не ја напуштил државата и утрово се јавил во Судот како што му е определено, велат од обвинителството. Од таму посочуваат дека резултатите од наредените вештачења неопходни за да се расчистат причините за сообраќајната несреќа се уште не се пристигнати до обвинителството.

Треба да знаете
Последни објави