Столтенберг: Безбедносната ситуација на Западен Балкан се уште е многу кревка

НАТО верува дека безбедносната ситуација на Западен Балкан се уште е многу кревка, соопшти Јенс Столтенберг, генералниот секретар на Алијансата, во седиштето на НАТО каде се сретна со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Столтенберг напомена дека постои потенцијал за тензии во Косово и во Босна и Херцеговина. Генералниот секретар на НАТО на прес-конференција ја повтори загриженоста кајн Алијансата поради зголемувањето на тензиите и насилството во текот на изминатата година на северот од Косово, што беше причина НАТО да го зголеми своето присуство за дополнителни 1000 војници. НАТО продолжува да ја оценува потребата од натамошно прилагодување на своето присуство во Босна и Херцеговина. -Пораката е дека сите страни треба да се воздржат од запалива реторика и дека мора да се почитуваат територијалниот интегритет и меѓународно признатите граници на Босна и Херцеговина. Ние тесно соработувавме со Европската Унија и во Босна, а сега всушност работиме заедно на теренот. Но, го поддржуваме и нашето воено присуство и на Косово. Дијалог со посредство на ЕУ е единствениот начин да се најде трајно решение, рече генералниот секретар на НАТО.

Треба да знаете
Последни објави