Од почетокот на војната во Газа се загинати најмалку 26 илјади луѓе

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври досега се убиени најмалку 26.083 лица, објави Министерството за здравство во Газа, според кое повредени се околу 64 илјади лица. Како што се наведува, во последното деноноќие загинале најмалку 183 лица, а 377 биле ранети. Израелските сили ги засилија нападите врз Хан Јунис додека ги опколуваат двете преостанати болници во градот. Меѓународниот суд на правдата денеска се очекува да донесе одлука за барањето на Јужна Африка за „привремени мерки“ против Израел поради наводниот геноцид во Газа. Врховниот суд на Обединетите нации би можел да му наложи на Израел да ја прекине својата офанзива на палестинската територија. Претставникот на Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН на окупираните палестински територии вели дека ситуацијата во Појасот Газа е „ништо помалку од катастрофална“.

Треба да знаете
Последни објави