Битиќи: СДСМ ќе ја формира следната влада и ќе ја води државата во ЕУ

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во објава на социјалните мрежи изрази уверување дека СДСМ ќе ја формира следната влада и според него, ќе ја одведе државата во ЕУ.

„Позади нас се две години во кои заеднички одговоривме на енергетската криза и ја кренавме на цврсти нозе економијата во пост-ковид периодот. Вакви предизвици бараат силен тим, а владата на СДСМ водена од премиерот Ковачевски беше тој тим. Следната влада на СДСМ, која ќе биде изгласана за неколку месеци, пред себе има јасен пат кој ја води земјава во Европската Унија. Заедно ќе продолжиме да одиме напред!“ пишува Битиќи.

Треба да знаете
Последни објави