Исламски отпор од Ирак ја презеде одговорноста за нападите врз три американски бази

Проиранската група наречена Исламски отпор од Ирак ја презеде одговорноста за нападите врз три американски бази и за смртта на тројца американски воени лица, јавува Би-Би-Си. Група се појавила откако Израел почна да ја бомбардира Газа како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври. Се претпоставува дека Исламскиот отпор во Ирак е група за различни шиитски милитанти како Катаиб Хезболах, Нуџаба и Катаиб Саид ал-Шухада, кои имаат долга историја на гаѓање на американските бази во Ирак и Сирија. Катаиб Хезболах е една од најтајните и најелитни шиитски милитантни групи кои се во сојуз со Иран од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас во октомври. Соединетите Американски Држави веќе ја нападнаа групата неколку пати по нападите врз американските војници. По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, милициските групи нападнаа американски воени објекти во Ирак и Сирија најмалку 160 пати со беспилотни летала, ракети, минофрлачи и балистички ракети.

Треба да знаете
Последни објави