Продолжени економските санкции против Русија

Советот на Европската унија денеска ја продолжи за уште шест месеци важноста на економските санкции што ги воведе кон Русија поради нападот врз Украина.

-Сè додека незаконските дејствија на Русија ја прекршуваат забраната за употреба на сила, што е сериозно кршење на обврските според меѓународното право, соодветно е да се задржат во сила сите мерки наметнати од ЕУ и да се преземат дополнителни мерки, доколку е потребно – објави Советот на на ЕУ на својата веб-страница.

Овие санкции, кои првпат беа воведени во 2014 година како одговор на руските дејствија што ја дестабилизираа Украина, беа значително проширени од февруари 2022 година како одговор на руската воена агресија врз Украина.

-Санкциите вклучуваат ограничувања на трговијата, финансиите, технологијата и стоките со двојна употреба, индустријата, транспортот и луксузните стоки. Забрануваат и увоз или трансфер на сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ – се наведува во соопштението.

Неколку руски банки се исфрлени од меѓународниот банкарски систем SWIFT, а неколку медиуми поддржани од Москва се суспендирани. Воведени се и специјални мерки за зајакнување на способноста на ЕУ да се спротивстави на избегнувањето санкции.

Треба да знаете
Последни објави