Поранешен НБА-шампион е уапсен поради поседување огнено оружје и дрога

Поранешниот НБА кошаркар Ражон Рондо е уапсен од полицијата во Индијана поради нелегално поседување огнено оружје и дрога. Рондо кој мина 16 сезони во најсилната кошаркарска лига во светот, е двократен НБА-шампион, по еднаш со екипите на Бостон и на Лос Анџелес лејкерс. Плејмејкерот, кој ја заврши играчката кариера пред две сезони бил запрен од полицијата откако направил сообраќаен прекршок. При рутински претрес во автомобилот на Рондо, полицијците пронашле огнено оружје и марихуана. Веднаш бил уапсен, бидејќи тој има судска забрана за поседување огнено оружје. Во 2022 година бил обвинет за насилничко однесување и закана со огнено оружје кон жена. Сепак, сите постапки против Рондо за овој случај биле повлечени откако се спогодил со жртвата.

Треба да знаете
Последни објави