Битиќи нема сомнеж дека техничката влада ќе работи согласно принципите и вредностите на ЕУ

По денешната конститутивна седница на техничката Влада, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изрази уверување дека во нејзината работа сите министри ќе пристапат чесно и одговорно, ќе го заштитат интересот на граѓаните и ќе дадат свој личен придонес во создавањето на услови за фер и демократски избори.

„Демократскиот изборен процес е камен-темелник на владеењето на правото, има огромно значење за граѓаните и за нивните аспирации за членство во Европската унија. Преку слободни и фер избори ќе создадеме можност да учествуваат во обликување на политиките на идната Влада, влевајќи чувство на политичка стабилност и поттикнувајќи доверба во институциите.

Немам никаков сомнеж дека и оваа Влада, предводена од новиот премиер, во претстојниот период ќе работи усогласено со основните вредности и принципи на ЕУ, одразувајќи посветеност на демократско владеење и зацврстувајќи го евроинтегративниот пат на Северна Македонија“ истакна Битиќи.

Треба да знаете
Последни објави