Велика Британија е подготвена да признае палестинска држава за мир на Блискиот Исток

Велика Британија ќе го разгледа признавањето на палестинската држава како дел од заедничките напори за постигнување „неповратно“ мировно решение, изјавил Дејвид Камерон, министерот за надворешни работи на Велика Британија, пренесува Гардијан. Според шефот на британската дипломатија кој ја ја започна својата четврта посета на регионот откако во ноември минатата година ја доби министерската функција, на Палестинците треба да им се отвори политички хоризонт за промовирање на мирот на Блискиот Исток. -Лондон има одговорност да определи како би изгледала палестинската држава. На палестинскиот народ ќе треба да му се покаже „неповратен напредок“ кон решение со две држави, рекол на приемот во Вестминстер, и додал: Заедно со сојузниците ќе го разгледаме прашањето за признавање на палестинска држава, вклучително и во Обединетите нации, рече тој пред Конзервативниот совет Блискиот Исток. Камерон го повика Израел да дозволи поголема хуманитарна помош во Газа и рече дека е „смешно“ што виталната британска и друга помош се враќа назад на границата. Камерон рече дека последните 30 години биле приказна за неуспехот на Израел бидејќи не успеал да обезбеди безбедност на своите граѓани. Само со признавање на овој неуспех, рече тој, ќе има мир и напредок. Британија долго време го поддржува решението за две држави, каде Израелците и Палестинците би можеле да живеат рамо до рамо во одделни земји. Камерон сугерира дека Британија би можела да ѝ даде формално, дипломатско признавање на палестинската држава не како дел од конечниот мировен договор, туку порано, за време на самите преговори. -Треба да почнеме да одлучуваме како би изгледала палестинската држава, што би опфаќала, како би функционирала и најважно, штом тоа ќе се случи, да го разгледаме со сојузниците прашањето за признавање на палестинската држава, вклучително и во Обединетите нации, изјавил Камерон.

Треба да знаете
Последни објави