Во сообраќајна несреќата едно девојче загина, а две се повредени кога камион бетаномешалка удрил во нив на тротоар во хрватскиот град Ловран. Лекарите се борат за живот на потешко повреденото девојче, додека третото е полесно повредено, пренесуваат хрватските медиуми. Несреќата се случила во близина на хотелот „Парк“. Девојката која го загубила животот во несреќата е Стела Новаковиќ (23) од градот Дарувар. Локалните портали наведува дека Стела студирала во Риека. Била во долгогодишна врска со познат рапер од Дарувар. Хрватскиот портал „24сата“ наведува дека сцената на местото на несреќата била застрашувачка. – Дваесетгодишни девојки се движеле по тротоар кога ги покосил камионџијата. За време на возењето, неговиот стабилизатор се олабавил, поради што неговата таканаречена нога се откачи од камионот. Прво удрила во сообраќајниот знак, а потоа онаа несреќната девојка која ја влечеше дваесетина метри додека не сфати што се случува – изјавил сведокот. Друг очевидец наведува дека улицата била полна со крв. – Две девојки беа фрлени во блиската ограда, а едната силно ја удри во главата. Насекаде имаше крв… Страшна глетка. Каков е твојот живот, мирно чекориш по тротоар, а потоа те нема. Колку што знам, се работи за млади студентки. Трагедија за нив и нивните семејства, но и за несреќниот возач кој бил во апсолутен шок – ја опишал страшната несреќа директорот на блискиот хотел. Претходно и братот на возачот изјавил дека стабилизаторот на камионот попуштил. – Братот е во тешка состојба на шок и е психички пореметен. Сега знам само дека стабилизаторот на пумпата за бетон попуштил – рекол братот на камионџијата.