(ВИДЕО) Обид за убиство на турски бизнисмен, полицијата трага по напаѓачите

Непознати напаѓачи денеска во Истанбул се обиделе да го убијат турскиот бизнисмен и сопственик на компанијата „Соло холдинг“ Хакан Џенгиз додека бил во автомобилот со сопругата.

Иако во нападот не е повреден брачниот пар Џенгиз, нивниот возач Мухамед Јашар е ранет во главата.

Нападот се случил денеска околу 11:50 часот по локално време, а напаѓачите го застрелале џипот на Хакан додека се возеле на мотор.

Двајца напаѓачи со кациги на главите се приближиле до автомобилот на Хакан од десната страна и отвориле оган.

На местото на настанот биле пронајдени празни чаури.

Четири куршуми го погодиле возилото. Еден од куршумите го повредил неговиот возач и тој со тешки повреди е пренесен во болница.

Полицијата трага по напаѓачите.

Хакан Џенгиз е претседател на одборот на директори на Соло Холдинг, кој работи во областа на енергетиката, недвижностите, туризмот и текстилот. Холдингот има инвестиции во четири земји надвор од Турција.

На 5 мај минатата година тој најави дека холдингот ќе започне со работа во областа на градежништвото во Анкара.

Објавија дека имаат воспоставено партнерство со компанијата RD Insaat и дека ќе инвестираат 20 милиони долари во Анкара.

Треба да знаете
Последни објави