Премиерот на привремената влада во Приштина, Албин Курти, го одбил предлогот на САД, ЕУ и земјите од Квинте и од утре забранува употреба на динари на Косово и Метохија, незвнично објави Политика.
По тој повод, претседателот Александар Вучиќ свика итен состанок во Претседателството со дел од министрите на Владата на Србија со цел да се договорат следните чекори што ќе ги преземе Белград.
И покрај препораките на Вашингтон, Брисел и западните земји, привремената влада во Приштина одлучи да ја забрани употребата на динарот, со што продолжи притисокот врз Србите на Косово и Метохија.