Прашуваме од каде знае Артан Груби кој е во Австрија (пазарејќи во еден од луксузните продавници на Гучи, Барбери и Версаче) дали Арбен Таравари бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес Таравари не беше во ВМРО-ДПМНЕ, а воедно ја разбираме нервозата и фрустрацијата на Груби поради броените денови во власта.
Наместо соопштенија во име на медиум и негова злоупотреба како да е прес центар на ДУИ, наредниот пат може да пушти соопштение и од својот личен маил. Се разбира под услов да е точно и вистинито.