Вархеји: ЕК е загрижена поради одлуката на Косово да го укине динарот

Оливер Вархеји европскиот комесар за проширување денеска на „Х“ напиша дека Европската комисија жали за таа одлука, имајќи го предвид нејзиното влијание врз секојдневниот живот на косовските Срби и другите заедници низ Косово. -Комисијата е особено загрижена за влијанието врз училиштата и болниците со оглед на очигледното отсуство на алтернативи во овој момент. -Комисијата го повикува Косово да се погрижи овој транзициски период да биде доволно долг за да се најде решение преку преговори во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ, наведе Вархеји.

Треба да знаете
Последни објави