Трката за титулата во германската фудбалска бундеслигашка конкиуренција ја продолжуваат Баер Леверкузен и Баерн Минхен откако денеска забележаа рутински победи. Баер како гостин го совлада Дармштад со 0:2, а Баерн Минхен со пресврт ја совлада Борусија Менхенгладбах со 3:1. Баер Леверкузен ја задржа предноста од два бода пред Баерн Минхен во пресрет на големото дерби што ќе се игра следниот викенд (10 февруари) на „Бај Арената“. Баер попладнево до новиот триумф беше предводен од десниот бек Тела. Овој фудбалер доби шанса во стартниот тим на местото на Фримпонг и апсолутно ја оправд довербата на Чаби Алонсо постигнувајќи ги двата гола во денешниот триумф на својот тим. Баерн Минхен пред самиот крај на полувремето израмни со погодокот на Павловиќ, а во вториот дел прецизни беа Кејн и Де Лихт. Штутгарт се задржа на третото место по рутинската победа од 1:3 на гостувањето против Фрајбург, додека кризата на Мајнц уште повеќе се продлабочи по домашниот пораз од Вердер од 0:1.
Резултати: Баерн М. – Борусија М. 3:1, Дармштад – Баер Л. 0:2, Мајнц – Вердер 0:1, Фрајбург – Штутгарт 1:3, Бохум – Аугсбург 1:1.