Вознемирувачко видео го прикажува масивниот „ербас А320“ како се лизга на пистата по слетувањето на аеродромот во Вилнус во саботата по два часа патување од италијанскиот град Бергамо.
Авионот, во сопственост на литванската компанија „Авион експрес“, очајнички се обидувал да се стабилизира бидејќи експлозија од кал и вода го погодила леталото.
Реагирајќи бргу, пилотот херој на авионот успеал безбедно да го извлече леталото надвор од пистата и во безбедна зона, каде што сите патници и шестмина члена на екипажот можеле да се симнат, без да пријави никакви повреди, пишува „Дејли мејл“.
Долните делови на авионот биле оштетени, јавуваат италијанските медиуми, а инцидентот го принудил аеродромот да ги запре сите влезни и појдовни летови во саботата на два и пол часа пред повторно да се отвори за воздушниот сообраќај.
Фотографиите од последиците покажуваат дека авионот е покриен со кал од предниот дел до опашката.
An Avion Express A320-200 landing at Vilnius Airport briefly skidded off the runway, onto the grass and mud, before safely returning to the runway to continue its dirty taxi to the apron.
— A Fly Guy's Crew Lounge (@AFlyGuyTravels) February 4, 2024
📹 Unkown/DM for credit#builtairbustough #AvionExpress #avion #a320 #airbus pic.twitter.com/JQPF9iCZLs