Февруари е месец на мимозите, тоа е растение кое плени со својот специфичен цвет, но и со својата интензивна, жолта боја.
Мимозите се исклучително нежни цвеќиња. Кога ќе забележи најмало нарушување, ги затвора летоците и повторно ги отвора дури по 15-20 минути. Во природата брзо расте, сака песочна почва и сонце, па најмногу го има покрај морето.
Ако сакате мимозите да ја разигруваат вашата домашна средина, можете да ги чувате сами или во комбинација со други цвеќиња.
За да ја одржувате мимозата подолго свежа, отстранете ги сите листови од гранката и додајте неколку капки лимон, па дури и парчиња или прстени во вазната.
Ќе имате одлична декорација со вашите мимози, а задолжително тргнете ги подалеку од печката или радијаторот за да не бидат изложени на премногу топлина.