Граѓани вечерва во Гостивар се собраа да изрзат поддршка на Таравари

На улицата пред куќата на Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар и претседателот на Алијанса за Албанците (АА) вечерва се собрале неколку стотици граѓани, негови поддржувачи, откако утрово пред неговиот дом бил пронајден неиспукан куршум од автоматска пушка.

Таравари сподели фотографии на неговиот Фејсбук профил, на кои се гледа како дел од присутните со запалени факели му изразуваат поддршка, а тој со мегафон им се обраќа на присутните.

Според ТВ 21, Таравари вечерва одржал говор пред насобраните поддржувачи, на кој рекол дека сега повеќе од кога било е убеден во патот што го избрале, односно да се приклучат кон опозициските партии на Албанците.

Тоа, како што во говорот изјавил Таравари, го констатирал на средба со сите ограноци на партијата, но пред се со граѓаните кои, според него, сакаат промени.

Треба да знаете
Последни објави