Постарa од матичните книги на родените: Почина најстарата Иранка

Најстарата жена во Иран почина на 125-годишна возраст, покажуваат податоците од нејзините лични документи, објавија локалните медиуми.

Нејзиниот наводен статус на најстара жена во светот не е признат во Гинисовата книга на рекорди.

Масумех Санеи Тороги, родена на 23 септември 1898 година, почина во понеделникот во Машхад, на североистокот на Иран, објави ТВ, која објави фотографија од нејзината лична карта.

Се верува дека Иранката починала на постара возраст од Французинката Жан Калмент, која официјално се смета за најдолговечната личност во историјата, бидејќи починала во 1997 година на 122-годишна возраст.

Причината за сомневање во веродостојноста на информацијата за „новата“ најстара жена во светот е тоа што Иран почнал да издава документи од матичните книги дури во 1918 година, односно цели 20 години по раѓањето на Масумех Санеи Тороги.

Според Гинисовата книга на рекорди, моментално најстарата жена на светот е Марија Брањас Морера од Шпанија, која на 4 март ќе го прослави својот 117 роденден.

Треба да знаете
Последни објави