Во фабриката „Милан Благојевиќ“ во Лучани, Србија, утрово дошло до пожар и експлозија. Има повредени.
Како што јави „Телеграф.рс, шест лица се повредени, имаат изгореници, но никој не е во животна опасност. Тие се сместени во болницата во Чачак, каде се собрани нивните роднини и колеги. Пожарот избувнал околу 9.20 часот во фабриката за производство на еднобазен барут. Од правец на фабриката продолжува да се шири густ црн чад, а од фабриката излегоа пет возила на брзата помош, известуваат српските медиуми.