Американскиот државен секретар Антони Блинкен се врати во Израел каде ќе има средби со израелските лидери за постигнување на нов договор околу прекинот на борбите во Газа и ослободување на заложниците кои ги држи Хамас и зголемување на хуманитарната помош за палестинските цивили. САД, Египет и Катар се вклучени во изготвувањето на предлогот за прекин на огнот кој е на „маса“ и треба да обезбеди пауза во борбите од неколку недели. Блинкен кој претходно беше во Саудиска Арабија, Египет и Катар, во Израел ќе има средби со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант и претседателот Исак Херцог. Средбата во Израел доаѓаат еден ден откако Блинкен соопшти дека лидерите на Хамас одговориле на предлогот. Привремен прекин на огнот имаше кон крајот на ноември траеше една недела и донесе ослободување на повеќе од 100 заложници од Газа и 240 палестински затвореници кои ги држеше Израел. Израелската војска во вторникот соопшти дека 31 од преостанатите заложници се мртви. Израел започна воена офанзива во Газа откако Хамас во напад масакрираше околу 1.200 израелски цивили на 7 октомври минатата година и киднапираше 253 лица, жени, деца, бебиња, мажи и постари лица. Во израелската офанзива досега се загинати 27.585 луѓе, според информации од Хамас.