Од партијата Алијанса за Албанците пред малку до медиумите стигна соопштение каде се вели дека партијата предлага двајца нови кандидати за министри.
„Врз основа на статутот на партијата, членовите 152, 154, 156 и член 84, Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 гласа од 7, едногласно одлучи:
– За министер за здравство се предлага познатиот лекар г-дин Илир Демири, актуелен директор на Клиничка болница -Тетово.
– За министер за информатичко општество и администрација се предлага г-дин Наим Бајрами, магистер по политички науки“ стои во соопштението на Алијанса